МАЗУТОТ ПОЕВТИНИ Цените на другите горива остануваат исти

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

341

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер“ од 95 октани  останува на 81 денар за литар,  „еуросупер“ од 98 октани ќе се продава по цена од 83 денари, а  дизелот по цена од 82 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и натаму ќе има цена од  78 денари за литар.






Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот

Поврзани содржини