Мажот кој со секира ја закла својата сопруга ќе одговара за свирепо убиство при семејно насилство

378

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе oбвинителен акт против едно лице за кривично дело – убиство според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.

Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

Поврзани содржини