МАЖИТЕ УМИРААТ ПОРАНО И ПОЧЕСТО ОД ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Која е најчестата причина за смрт и кои месеци се најкобни?
Од вкупно 20.201 починато лице, повеќе од половината - 10.604 или 52,5% - се мажи, додека 9.597 или 47,5% се жени.
Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1%. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април.
Од вкупно починато 20.201 лице, поголем број 10.604 или 52,5% се мажи, наспроти 9.597 или 47,5% жени.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.
Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.