Мажите побрзо ги губат антителата на коронавирусот
Ако антителата кај мажите се намалуваат во поголема мера во однос на тие кај жените и по вакцинацијата, постои можност дека на мажите ќе им треба уште една вакцина за обновување на антителата, за да можат да го задржат имунитетот.
Утврдено е дека постои поголема можност дека жените повеќе може да се заразат со коронавирусот, но дека се поотпорни од мажите за кои пак се тврди дека во најголем случај починуваат од заразата.
Студијата која сѐ уште не ја поминала рецензијата, опфаќа речиси шестмесечни испитувања во кои биле вклучени 308 членови на персонал во болници на Универзитетот во Стразбур во Франција, а кај кои е потврдена зараза со коронавирусот. Повеќето од пациентите имала благи симптоми на болеста.
Различните антитела се мерени со помош на три вида тестови во два вида истражувања во текот на периодот од 172 дена. На првиот на примерок на крв, мажите постари од 50 години и тие со индекс на здрава телесна тежина имале највисоко ниво на антитела.
На вториот примерок, нивото на антитела (вклучувајќи ги и неутралните протеини чија функција е да го спречат вирусот да се закачи на човечките клетки) опаднале повеќе кај мажите отколку кај жените, без оглед на староста и на тежината.
– Истражувањата покажале дека мажите имаат повисоко ниво на антитела од жените во акутна фаза., но и покрај подобриот имунолошки одговор на почетокот на заразата, нивното ниво на антитела паѓа со тек на времето и тоа многу побрзо. Од друга страна, жените стабилно го задржале тоа ниво – вели Самира Фафи Кремер, шеф на вирусологија во болницата на Универзитетот во Стразбур и една од авторките на студијата.
Падот на антителата зависи од нивното ниво на почетокот на заразата
Уште еден од авторите на студијата, Оливер Шварц, рекол дека овој пад на антителата зависи од тоа колкаво ниво е постигнато на почетокот на заразата.
– Ако имате повеќе антитела на почетокот, ќе имате и побрз пад, но се уште ќе мораме да откриеме зошто доаѓа до тоа – вели Шварц.
Докторката Сабра Клајн од Универзитетот Џон Хопкинс навела дека креаторите на вакцината би требало да ги анализираат овие податоци за да може да ги спореди машките и женските реакции на нив. Постои можност падот на антителата кај мажите да биде еднакво брз и по примањето на вакцината.
– Ако антителата кај мажите се намалуваат во поголема мера во однос на тие кај жените и по вакцинацијата, постои можност дека на мажите ќе им треба уште една вакцина за обновување на антителата, за да можат да го задржат имунитетот – вли таа.