МАЖИТЕ ГИ ПРЕЗИРААТ Џенифер Лопез два пати уловена во модно промашување (ФОТО)
Латино дивата е позната по својот сексапилен изглед, но деновиве неколкупати беше уловена во комбинации кои не ѝ ласкаат на нејзината фигура.
Актерот Бен Афлек гостуваше во една популарна емисија, а во студиото пристигнал во друштво на својата девојка Џенифер Лопез.
Поради тоа што не била ѕвезда на овој настан, Џеј Ло одлучила да носи лежерна комбинација за која не може да се каже дека ѝ стои добро.
Откако медиумите пренесоа дека во едно интервју актерот Бен Афлек зборувал за тоа колку бил несреќен во бракот со Џенифер Гарнер, а таа делумно го донела до зависноста од алкохолот, доживеа напад од јавноста. Сите го обвинија поради тоа што за својата зависност ја обвини Џенифер Гарнер, а не самиот себе, кој всушност, е склон кон пороци.
Меѓутоа, неговата старо-нова девојка Џенифер Лопез одлучила веднаш да покаже дека го поддржува и стои покрај него, така што држејќи го за рака го придружувала на гостувањето во емисијата на Џими Кимел.
Џеј Ло носела луксузен светлосин капут од брендот „Макс Мара“, кратки чизми од брендот „Џузепе Заноти“ од превртена кожа со високи и тенки потпетици, а тука е и преубавата светлосина чанта од модната куќа „Валентино“.
Сè останато од стајлингот го потпишува „Brunello Cucinelli“ – светкав џемпер со кратки ракави чија цена изнесува 3.350 долари, ремен вреден 850 долари и парче облека кое ги преплави модните портали – „вреќасти“ фармерки.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фармерките кои ги носи Џеј Ло чинат 1.600 долари, а пејачката е позната по тоа дека обожава да носи тесни панталони и фармерки со кои го истакнува својот задник и нозе.
Станува збор за фармерки кои се наречени балон – фармерки, а истите се инспирирани од стилот на 80-те години на минатиот век. Овој модел има висока половина, под кој панталоните се благо плисирани, додека, пак, долниот дел забележително се стеснува и паѓа низ нозете во рамен крој.
Но, модните експерти истакнуваат дека ваквите фармерки не се најдобар избор за Џеј Ло, тие го скратуваат и визуелно го шират телото, поради што не се ласкави за нејзината фигура. Стручњаците велат дека балон фармерките дефинитивно не се модел за секој тип на градба, а со тоа се согласуваат и мажите, па често тие се наоѓаат на врвот на листата облека која не сакаат да ја видат на женското тело.
Џенифер деновиве беше забележена во уште едно модно промашување.
И токму кога помисли дека е добра идеја конечно да ги замени нејзините безвременски тесни фармерки со широки фармерки, се покажа дека е широк модел со ниска половина – кој освен што е одамна застарен, не е погоден за нејзината градба на тело.
ФОТО: Инстаграм