МАЖИТЕ ДА СЕ ПОГРИЖАТ МАШКИ, ЗА ДА НЕМА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ВРЗ ДЕЦАТА „Посилниот“ пол не мора да биде насилен

Заштитата на жртвите од родовобазираното насилство е невозможна без вклученоста на момчињата и мажите, беше заклучено на денешната конференција што ја организираа Реактор и Хера.

272

Заштитата на жртвите од родовобазирано насилство не е возможна без вклученоста на момчињата и мажите, бидејќи нивната вклученост ќе доведе до поголема свесност за лошите последици од насилното однесување, порача Весна Матевска, програмска раководителка во „Хера“, на денешната прес-конференција на тема „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“.

Панел дискусијата беше реализирана со цел подигање на јавната свест за важноста на улогата на мажите и нивното вклучување во справувањето со родовобазираното насилство.






– Имплементацијата на Истанбулската конвенција која ги заштитува жртвите од семејно насилство не е возможна, доколку ги заборавиме и изоставиме момчињата и мажите и доколку не работиме со сторителите – изјави Матевска.

Според претседателката на „Реактор“, Тања Иванова, иако, се чини дека на оваа тема се зборува многу, состојбите на терен воопшто не го покажува тоа.

– Ниските плати, лошите работни услови, немањето соодветен избор за достоинствена работа, недовербата и неизвесноста што се провејуваат во секоја сфера од нашето живеење се само дел од причините кои создаваат негативни чувства, кои потоа во нашата немоќ можеме да ги проектираме на другите и да ги канализираме и во негативни однесувања – појасни Иванова.

Таа додаде дека воедно нефункционирањето на правната држава, односно системот, дополнително ги засилува овие практити и создава уште поголеми јазови неправди и различни форми на насилство. Иванова порачува дека затоа е важно да има соодветни механизми за дијалог и можности за советување на жените и мажите.

– Би сакала да ги повикам ресорните министерства и нашата влада навремено, транспарентно и инклузивно да ги носат важните закони и подзаконски акти и да поработат посериозно на имплементација на истите. Во 2021 година, на пример, очекуваме нов и подобар закон за работни односи, кој јасно и недвосмислено препознава еднаков пристап до платена работа, достоинствено вработување за мажите и жените и го препознава родителството како индивидуално право и споделена одговорност и на мажите и на жените – оценува Иванова.

На дискусијата присуствуваше и претставник од австриското Министерство за социјални прашања, здравство грижа и заштита на потрошувачите, Харолд Фугер.

– Во однос на правната рамка дополнителните средства се многу важни за поддршка советодавни и заштитни услуги за жртвите кои најчесто се жени и деца, но исто во однос на советодавни услуги за мажите да ги избегнат тие насилни пристапи кои често се применуваат – порача Фугер.

Настанот се одржа во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување.

 

Поврзани содржини