МАЖИ ИЗВРШИЛЕ НАСИЛСТВО ВРЗ СОПРУГИ, МАЈКИ, ДЕЦА, РОДНИНИ… Уапсени четворица насилници, 8 пријави за семејно насилство во еден ден

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе поднесе соодветни кривични пријави.

71

Во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а вкупно 8 пријави има во Скопје, Тетово и во Струмица, соопшти полицијата.

На 20.3.2026 година во 3:30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.Д.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.3. во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга.






На 20.3.2026 година во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 19.3.2026 година во 15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од селото Боговиње, тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот роднина Ј.Џ.(50) од  Боговиње дека подолго време поради меѓусебни недоразбирања му упатувал закани.

На 19.3.2026 година во 17:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 53-годишна вонбрачна партнерка.

На 19.3.2026 година во 17:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца.

На 19.3.2026 година во 14:30 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена од Скопје пријавила дека незјиниот сопруг Б.Ф. во домот повеќе пати физички ја напаѓал и психички ја малтретирал.

На 19.3.2026 година во 23:15 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека последната недела нејзиниот син И.И. често ја вознемирувал, тропал на вратата од нејзиниот дом и ѝ се заканувал.

На 19.3.2026 година во 18:25 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг А.Б., со кого е во бракоразводна постапка, често ја вознемирувал, ѝ се заканувал и преку нивниот син се обидувал да дознае каде е сместена и каде се движи.

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини