Жител на Желино бил приведен од страна на полицијата откако бил пријавен дека следи малолетничка и ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.
„На 03.02.2024 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина“, информира МВР.
Според пријавеното, тој ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.