МАЖ ЈА УБИ ПАРТНЕРКАТА ВО ШТИП По убиството сам се пријавил на полицијата
Според првичните информации од МВР, околу 20.15 часот во полицискатата станица во Штип дошол Ф.З. (25) и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П .
25-годишен маж уби 29-годишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
Според првичните информации од МВР, околу 20.15 часот во Полициската станица – Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип. Тој посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.
Полициски службеници го нашле телото.
Во тек е увид на местото на настанот, во присуство на дежурен јавен обвинител.
Телото на починатата жена е предадено на обдукција.
Повеќе детали за убиството и мотивот се очекуваат во текот на утрешниот ден.