Маж се самозадоволувал во центарот на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата на МВР настанот се случил околу 11 часот вчреа, а го пријавила австриска државјанка.
„Вчера во 14.45 часот 39-годишната Ф.Ј. од Р.Австрија, со престојувалиште во Скопје во СВР Скопје пријавила дека околу 11.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, во нејзина близина забележала машко лице како врши самозадоволување на јавно место“, наведува МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.