Маж од Велешта рекетирал угостители

495

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции денеска во 16:45 часот во близина на хотел во Струга го приведоа С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности, како што се посочува, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. С.Н. е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини