МАЖ ОД БРИТАНИЈА ПРОНАЈДЕН СО ПОВРЕДИ ВО ПОДЗЕМНА ГАРАЖА ВО МИЧУРИН Пренесен е на лекување на Клиничкиот центар
Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Во подземна гаража на улица Анастас Митрев во скопската населба Мичурин бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје.
Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.