МАЖ ЈА ОДНЕЛ ЉУБОВНИЦАТА ВО КИНО, А ПОТОА СЕ ПОЈАВИЛА НЕГОВАТА СОПРУГА Снимката ја погледнаа 20 милиони луѓе (ВИДЕО)

4,119

Еден маж одлучил да ја однесе љубовницата во кино. Тој мислел дека неговата сопруга никогаш нема да дознае за тоа, но страшно се излажал.

Снимката објавена на ТикТок која го обиколи светот и насмеа 20 милиони луѓе настанала во Колумбија, а едно е сигурно – на никој од учесниците не му било забавно како на оние кои го гледале видеото.






Како што пренеле медиумите, Колумбиецот имал намера со љубовницата да помине една вечер, додека неговата сопруга била дома. Или барем тој така мислел.

 Ја одвел љубовницата во кино, мислејќи дека таму, поради темната сала, мали се шансите да сретне некој познат или некој да го препознае. Но, набрзо се уверил дека се излажал.

Токму кога парот се сместил во удобните столчиња, следувал шок: се појавила неговата сопруга која ја снимала целата ситуација со телефон.

Како што се гледа и на снимката, двајцата биле затекнати, а љубовницата веднаш побегнала, додека прељубникот, откако сопругата го удрила неколкупати, отишол на другата страна.

Засега не е познат конечниот епилог на оваа љубовна драма, но веруваме дека неверниот сопруг не поминал баш најдобро…

 

 

 

@capi_oficial38lo pillaron

♬ sonido original – capi oficial

ФОТО: TIKTOK/PRINTSCREEN/CAPI_OFICIAL38

Поврзани содржини