„МАВРОВО“ ГО ИЗГРАДИЛА АВТОПАТОТ СТРУМА Експертите велат дека трасата е добро сочувана и одржувана

Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и добро одржувана, продолжуваат експертите.

3,149

Делницата од автопатот Струма, каде што изгоре автобус и усмрти 45 лица, македонска компанија ја изградила пред неполни 20 години.

Ова го изјавија патни експерти од Ќустендил, запознаени и контролирани со реализацијата на проектот, пренесе БНР. Дизајнерот е бугарска фирма, Македонците биле само изведувачи.






– Оваа делница кај селото Бошнек не е магистрала, туку автопат. Неговата изградба по добиен тендер и е доверена на македонската компанија „Маврово“. Но, оваа комплицирана ситуација со чешмата не ја предвидоа Македонците, туку бугарскиот проектант и патните служби“, коментираат експертите.

– Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и добро одржувана – продолжуваат експертите.

По должината на коловозот сега се прават елементи за зајакнување, а косините од двете страни се обезбедени со силна мрежа, пишува националното радио.

Поврзани содржини