Маурисио Покетино позитивен на ковид-19
На натпреварот против Анже кој ќе се игра викендов клубот ќе го водат неговите помошници Жезус Перез и Мигел Д’Aгостино.
Два дена откако го освои првиот трофеј со ПСЖ, новиот тренер Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус, потврдија од францускиот клуб.
Тој се чувствува добро и веднаш заминал во изолација. Покетино во средата триумфираше во суперкупот на Франција против Олимпик Марсеј, со што по само три поминати меча на клупата на „светците“ успеа да стигне до првиот трофеј.
На натпреварот против Анже кој ќе се игра викендов клубот ќе го водат неговите помошници Жезус Перез и Мигел Д’Aгостино.