МАТУРАНТОТ ОД ХЈУСТОН Весна Петрушевска се пофали со синот Кирил (ФОТО)
Инаку, Кирил живее во Хјустон, САД кај својот татко Јанко Тренкоски.
Синот на актерката Весна Петрушевска стана матурант, а гордата мајка убавата вест ја сподели на социјалните мрежи.
„Матурантот од Хјустон. На мајка убавец“, напиша среќната Весна.
Инаку, Кирил живее во Хјустон, САД кај својот татко Јанко Тренкоски.
Пред речиси две години, Кирил замина за Америка каде што одлучи да го продолжи своето образование.
Весна тогаш ја сподели веста дека „Кирил ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет и дека тој е едно од оние деца кои сакаат да го освојат светот“.
Инаку, Кирил во април ќе наполни 19 години.
ФОТО: Фејсбук