Матурантите најавија дека ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие.
Оваа одлука ја донел Сојузот на ученици од средните училишта по консултации со претставници на учениците низ целата земја. На бојкот се одлучиле откако Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар одбиле да соработуваат за да се измени наставниот материјал за тестот за државната матура.
Средношколците бараат Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети во државната матура. Од четири предмети на матурскиот испит, тие предлагаат да имаат само два предмети.
Првиот задолжителен предмет да биде Мајчин јазик, а вториот изборен да биде предмет што е поврзан со понатамошни студии на Универзитет, како и Проектна задача на матурата. Исто така бараат изменетиот материјал и наставната програма за државната матура што се учеле од далечина, да бидат презентиран до март месец.