МАТИЧНИТЕ КОНТРА МАТИЧНИТЕ Лекарите по семејна медицина не го поддржуваат штрајкот
Поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без концензус од трите здруженија на матични лекари Управниот одбор донесе одлука за неподржување на штрајкот, се вели во денешното соопштение од Здружението.
Членовите на Здружението на лекари по семејна медицина не го подржуваат и нема да учествуваат на најавениот штрајк на матични лекари поради несогласување со дел од барањата кои биле наведени како причини за штрајкот.
– Управниот одбор на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) донесе одлука за неподржување и неучествување на најавениот штрајк на матични лекари од 05.09.2022 до 07.09.2022 поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без концензус од трите здруженија на матични лекари – се вели во денешното соопштение од Здружението.
Според ЗОЛМ современо примарно здраство и комплетно нов модел на примарно здраство е потребен во земјава во кој ќе се успее да се стимулираат младите доктори да работат како матични лекари. Моменталниот модел на вегетирање и одржување во живот со продолжување на работниот век на лекарите, нагласуваат, е комплетно неодржливо решение.