Матераци: Србијо, не греши како Италија!

Високиот дефанзивец играше 10 години за Интер, а 7 со Станковиќ. На српскиот народ тој јаснои му порача: Пократко ќе трае ако ги слушате надлежните!

681

Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци му испратил порака на поранешниот српски репрезентативец Дејан Станковиќ и апелира до српскиот народ да ги слуша надлежните институции во поглед на заштита од коронавирусот.

– Здраво Деки, здраво брате. Го испраќам овој апел на српскиот народ, бидејќи мислам дека е многу важно. Ние Италијанците многу потрешивме, не го сфативме сериозно она што ни го говореше Владата и секој од нас правеше што сака. Некој се шеташе, некој излегуваше со друштвото, а тоа беше најлошата работа што можевме да ја сториме. Овој вирус е многу силен и проклет – рекол Матераци во видео-пораката до Станковиќ, која ја објави и РТС.






Високиот дефанзивец играше 10 години за Интер, а 7 со Станковиќ. На српскиот народ тој јаснои му порача: Пократко ќе трае ако ги слушате надлежните!

– Ако сакате да трае 15 или 20 дена, тогаш правете го она што ќе ви се каже. Не бидете како нас. Ви посакувам многу среќа и ве замолувам да го правите она што ќе ви го кажат надлежните. Останете дома – рекол Матераци.

Поврзани содржини