Матео Коланџели е нов директор на ЕБРД за Западен Балкан
Почнувајќи од 17 мај 2021 година, Коланџели ќе ја преземе функцијата од Зузана Харгитаи, која е назначена за генерален директор на ЕБРД за Централна Азија.
Европска банка за обнова и развој (ЕБРД) го назначи Матео Коланџели за нов директор за регионот на Западен Балкан и директор на канцеларијата во Србија.
Како регионален директор, Коланџели ќе биде одговорен за операциите на ЕБОР во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а седиштето ќе биде во Белград.
– Многу сум горд што ја презедов оваа улога и решен да продолжам да го зајакнувам нашиот бизнис во регионот. Ќе се фокусираме на економско закрепнување по пандемијата и ќе работиме со нашите партнери за изградба на позелени, поинклузивни и дигитализирани економии во Западен Балкан – истакна Коланџели, кој во моментов ја предводи канцеларијата на ЕБРД во Албанија.
Почнувајќи од 17 мај 2021 година, Коланџели ќе ја преземе функцијата од Зузана Харгитаи, која е назначена за генерален директор на ЕБРД за Централна Азија.
Приоритетите на банката во регионот се зајакнување на приватниот сектор, промовирање на транзиција кон зелена економија, како и зајакнување на транспортните врски во регионот и со соседните европски земји. ЕБРД минатата година инвестираше 1,3 милијарди евра во земјите од Западен Балкан.