МАТЕ РИМАЦ САКА САМ ДА УПРАВУВА СО „БУГАТИ РИМАЦ“ Планира да го купи уделот на „Порше“ во компанијата
Според изворите, Римац сака целосно да ги преземе компаниите за да може да донесува долгорочни одлуки и да инвестира во развој без ограничувањата што ги наметнува корпоративната структура.
Мате Римац, основачот на хрватскиот производител на високо-перформансни електрични автомобили „Римац груп“, преговара за стекнување на 45 проценти од акциите на компанијата „Порше“ во заедничкото претпријатие „Бугати Римац“, објави „Блумберг“.
Според изворите, Римац сака целосно да ги преземе компаниите за да може да донесува долгорочни одлуки и да инвестира во развој без ограничувањата што ги наметнува корпоративната структура.
-Не е тајна дека сме во преговори. Само сакам да можам да донесувам долгорочни одлуки, да инвестирам долгорочно и да правам работи поинаку, без да морам да им објаснувам на 50 луѓе – рече Римац.
Прелиминарна понуда, што ја даде за уделот на „Порше“ е 1,1 милијарда долари.
Тој, како што изјави, има поддршка од меѓународен инвестициски конзорциум и приватни фондови за да ја затвори трансакцијата до крајот на следната година.
Римац е најголемиот поединечен акционер во својата група „Римац“. Римац и „Порше“ го основаа „Бугати Римац“ во 2021 година за да произведуваат таканаречени хиперавтомобили под истоимените брендови.
Претходно и „Порше“ се обиде да ја преземе мнозинската контрола над заедничката фирма.