МАТЕЈ ЏАЈКОВСКИ НОМИНИРАН ЗА ГРЕМИ Биг Слав е коавтор и копродуцент на албумот „Access All Areas“ на триото FLO

За името на Матеј Џајковски, познат под уметничкото име BigSlav, слушнавме кога неговата музика се најде и на саундтракот на хит-серијата Inventing Anna на Netflix, која беше една од најгледаните серии во годината на нејзиното објавување.

553

Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат под уметничкото име BigSlav, доби престижно меѓународно признание — албумот „Access All Areas“ на поп-R&B триото FLO, на кој тој соработуваше како автор и продуцент, е номиниран за Греми награда.

Албумот е номиниран во категоријата „Best Progressive R&B Album“ на 68. издание на Греми наградите, што ќе се одржи на 1 февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес.






Џајковски е коавтор и копродуцент на песната „On & On“, која брзо стана фаворит меѓу фановите на FLO. Само неколку месеци по издавањето, композицијата се искачи на високи позиции на Billboard, како и на популарните радио-станици низ САД, каде што останува постојано присутна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matej Djajkovski (@bigslav22)

По објавувањето на „Access All Areas“, албумот веднаш достигна #1 позиција на Apple Music во САД и Велика Британија, што дополнително ја потврди растечката слава на FLO како едни од најперспективните млади артисти на денешната музичка сцена.

Ова е прва Греми номинација за Матеј Џајковски, кој веќе подолго време живее и работи како музички продуцент во Лос Анџелес. Името на BigSlav не му е непознато на светската индустрија — неговата музика се најде и на саундтракот на хит-серијата Inventing Anna на Netflix, која беше една од најгледаните серии во годината на нејзиното објавување.

Номинацијата доаѓа како значајно признание не само за индивидуалниот успех на Џајковски, туку и како уште една потврда за присуството на македонски таленти на глобалната музичка сцена.

Поврзани содржини