Мата го продолжи престојот на „Олд Трафорд“
Шпанецот одигра 273 натпревари за тимот од Манчестер, постигнувајќи 51 гол.
Фудбалерот за врска Хуан Мата потпиша нов договор со Манчестер јунајтед.
Новата соработка на 33-годишниот Мата со „црвените ѓаволи“ треба да трае до 2022 година.
Мата премина во Јунајтед од Челзи во јануари 2014 година. За тоа време, Шпанецот одигра 273 натпревари за тимот од Манчестер, постигнувајќи 51 гол.
Премиерлигашот од „Олд Трафорд“ во новата сезона влегува со амбиции да создаде конкурентен тим за шампионската титула.