МАТ СО ТРИ ПОТЕЗИ Македонските шахисти освоија бронза

Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.

169

Со бронзен медал се закити македонската репрезентација освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка.

По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.






Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.

„Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати“, соопшти Шаховската федерација на Македонија.

Поврзани содржини