МАСОВНО ВОЗАТ МОТОЦИКЛИ БЕЗ КАЦИГИ И БЕЗ ДОЗВОЛИ Полицијата најавува рации, дивеењето мора да запре
Полицијата вчера казни 214 мотоциклисти и одзеде 9 мотоцикли.
Во рамки на засилените акциски контрола на територијата на Македонија, полицијата вчера санкционираше 214 возачи на мотоцикли. Од нив, 128 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а 39 возеле без возачка дозвола, 9 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.