📽 МАСОВНО СЕ СЕЧЕ БОРОВА ШУМА ЗА ДА СЕ „ПОСАДАТ“ ВОЛТАИЦИ! Опозицијата во Пробиштип ја повикува владата да реагира

Дали Премиерот е запознаен дека во Општина Пробиштип се купени и сè уште се купуваат повеќе стотина хектари земјиште со намена за изградба на фотоволтаици, од страна на неколку „човек- фирми“ со сомнителен капитал“ – прашува ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.

817

Борова шума со површина од околу 7.000 квардатни метри е исечена во атарот на пробиштипското село Неокази за потребите на инвеститор кој тука поставил фотоволтаици, а надлежните институции, иако навремено информирани, не реагираа – тврди локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.

Во пресрет на најаветната посета на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на Пробиштип, каде денеска






ќе присуствуваат на пуштање нов објект на градинката „Гоце Делчев”, општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во објава на Фејсбук го прозива Ковачевски да одговори со чија согласност беше уништена шума со површина 7.000 метри квадратни во општина Пробиштип за потребите на приватен инвеститор и дали премиерот планира да изврши увид во оваа инвестиција.

„Дали (Ковачевски) ќе побара одговор од надлежните институции кои беа јавно повикани да постапуваат во конкретниот случај и што тие имат превземено!?

По кој закон и со чија согласност беше уништена единствената шума што живот значи за месното население!?

Дали Премиерот е запознаен дека во Општина Пробиштип се купени и сè уште се купуваат повеќе стотина хектари земјиште со намена за изградба на фотоволтаици, од страна на неколку човек- фирми со сомнителен капитал“ – прашува ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип.

Поврзани содржини