МАСОВНИОТ УБИЕЦ СЕПАК ЌЕ ОДИ НА НАСТАВА Ќе учи во специјално училиште за болни деца

Во ова училиште се учи според посебна програма, во него работат 87 професори, кои се грижат за оние деца кои од различни причини, најчесто болест, не можат да следат настава – рече министерката.

474

Малолетниот Коста К., ученикот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, ќе го продолжи основното образование во посебно училиште во кое учат деца со болести, кои се принудени да бидат на подолго лекување – соопшти српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

– Законот вели дека оние деца кои се во здравствени установи поради лекување и слични причини, стануваат ученици во основното училиште „Д-р Драган Херцог“, бидејќи основното образование е задолжително – рече министерката Ѓукиќ Дејановиќ.






Таа додаде дека кога лекарите на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади „Д-р Суботиќ“ ќе дадат согласност на К.К. ќе го продолжат образованието согласно законот, а училиштето „Д-р Драган Херцог“ е наменето за вакви случаи.

Министерката рече дека во ова училиште се учи според посебна програма, во него работат 87 професори, кои се грижат за оние деца кои од различни причини, најчесто болест, не можат да следат настава.

– Тоа училиште не е како другите училишта во Белград или Србија, бидејќи наставниците имаат сосема различни програми. Најмногу одат деца кои долго време се лекуваат во белградските болници. Станува збор за деца кои се на онкологија, психијатрија, здравствени и воопшто други установи, за да се имплементира уставната одредба дека основното образование е задолжително – појасни министерката.

Поврзани содржини