МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ ВО ЊУЈОРК Пожарникарите го окупираа Бруклинскиот мост (ВИДЕО)
Скоро 17.000 пожарникари се вработени во Њујорк, а 40 отсто од нив останаа невакцинирани. Не помогна ни мерката од 500 долари за секој што ќе прими прва доза до 29 октомври. „Дали нè прашувате дали сме вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето.
Илјадници пожарникари во моментов шетаат по Бруклинскиот мост и протестираат против одлуката на градот Њујорк тие задолжително да бидат вакцинирани, а во спротивно им се заканува отпуштање, јавува МИА. Тие се упатија до градското Собрание од другата страна на мостот. Иако над 95 отсто од њујорчаните веќе се вакцинираа тоа не е случај со пожарникарите.
The NYPD and other municipal workers blocked traffic on the Brooklyn bridge today, not to protest murders, but to protest vaccine mandates. 😡 pic.twitter.com/r8y7TyTxEQ
— Both Parties Work Against Us! (@Winslow19Don) October 26, 2021
Скоро 17.000 пожарникари се вработени во Њујорк, а 40 отсто од нив останаа невакцинирани. Не помогна ни мерката од 500 долари за секој што ќе прими прва доза до 29 октомври. „Дали нè прашувате дали сме вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето.
Одлуката за задолжителна вакцинација добро ја прифатија наставниците и негувателките, а од сите 160.000 луѓе вработени во градот, уште 46.000 не ја примиле првата доза.
И додека пожарникарите на своите маички ги носат имињата на колегите кои беа убиени на кобниот 11 септември 2001 година, кога се срушија кулите-близначки, гневни на власта, од полицискиот синдикат најавија дека одлуката ќе ја оспорат на суд.