МАСОВНИ ПРОСЛАВИ ВО ИРАН ЗА НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР Иранците се колнат на војна до конечна победа
56-годишниот Моџаба Хамнеи беше назначен да го наследи својот татко како духовен и политички врховен водач доцна во неделата навечер - десет дена по смртта на Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад на првиот ден од војната, 28 февруари.
Стотици илјади Иранци учествуваа во организирани маршеви синоќа за да го прослават изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, објавија иранските државни медиуми.
Учесниците во маршевите се заколнаа на верност кон новиот водач.
Иранците се на улиците и покрај заканата од напади од САД и Израел.
Демонстрантите ветија дека ќе ја продолжат војната со САД и со Израел „до конечна победа“.
56-годишниот Моџаба Хамнеи беше назначен да го наследи својот татко како духовен и политички врховен водач доцна во неделата навечер – десет дена по смртта на Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад на првиот ден од војната, 28 февруари.