📽 МАСОВНИ ГРОБНИЦИ И ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ ВО ГАЗА Убиените Палестинци ги погребуваат во заеднички гробници
Во израелското бомбардирање на Појасот Газа досега загинаа најмалку 2.450 луѓе од кои 724 се деца, а 458 се жени.
Израелското бомбардирањето на Појасот Газа кој е под контрола на Хамас продолжи и во текот на ноќта. Според многу проценки, тоа е најтешкиот удар досега во последните девет дена од конфликтот.
На социјалните мрежи кружи видео објавено од страната Middle East Eye на кое се гледа погребувањето на Палестинците во масовни гробници по израелските воздушни напади.
Во израелското бомбардирање на опколената енклава загинаа најмалку 2.450 луѓе, според палестинското Министерство за здравство. Од загинатите, 724 се деца, а 458 се жени.
Videos shared online show funeral prayers being held over a mass grave in #Gaza.
Israel’s ensuing bombardment of the besieged enclave has killed at least 2,450 people, according to the Palestinian health ministry. Of those killed, 724 are children and 458 are women pic.twitter.com/J5rspmvxTs
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) October 16, 2023
Новиот жесток конфликт во Израел изби минатата сабота, на 7 октомври, кога Хамас го започна својот најголем напад врз Израел во последните години отворајќи жесток налет на ракетни истрели од Појасот Газа додека вооружени лица ја преминаа границата и направија масакр на музички фестивал во близина на граничниот појас.
Израелската влада прогласи „воена состојба“ ден потоа, а денеска објави дека нема прекин на огнот во јужниот дел на Газа, иако безбедносни извори во Египет соопштија дека е постигнат договор да им се дозволи на странците да ја напуштат опколената палестинска територија и да донесат хуманитарна помош.