Масовна тепачка во Скопје, двајца повредени од заскитани куршуми, изнудени 175.000 денари во струшко казино

1,136

ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ГРАДЕЖНИЦИ – На 13.09.2020 во 12.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, од кочанската Општа болница било пријавено дека околу 11.30 часот во с.Чифлик, при изведување на градежни работи со повреди се здобиле М.Е.(61) и Д.Г.(68), двајцата од Скопје. Притоа, кај М.Е. во болницата била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Д.Г. телесна повреда. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

ДВАЈЦА БРАЌА ИСТЕПАНИ – На 13.09.2020 во 15.40 часот, Н.Ќ. од Скопје пријавил дека околу 15 часот пред зграда на ул.„Методија Митевски“ неговите двајца синови биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






ИЗГОРЕЛ ТУТН И МАШИНА ВО СТУДЕНИЧАНИ – На 13.09.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Студеничани, скопско, при што биле опожарени фолии со тутун и работна машина, сопственост на М.Б.(40) од с.Студеничани. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

КАЗНЕТИ 20 МОТОЦИКЛИСТИ – На 13.09.2020 во периодот од 15 до 20 часот на подрачјето на Велес била спроведена контрола на мотоцикли, при што биле регистрирани и законски санкционирани 20 прекршоци.

ПОВРЕДЕН ОД ЗАЛУТАН КУРШУМ  ДОДЕКА РАБОТЕЛ НА НИВА – На 12.09.2020 околу 17 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Карбинци, штипско, додека Д.С.(50) работел во нива, бил повреден во пределот на десната натколеница од залутан куршум, по што бил пренесен во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ИЗЕЛЕ ЌОТЕК – На 14.09.2020 во 02. часот во СВР Скопје, М.П.(22) и Е.Ц.(19), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 13.09.2020 околу 22.30 часот во парк на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИСТЕПАНИН ТРОЈЦА АЕРОДРОМЦИ – На 14.09.2020 во 01.08 часот во СВР Скопје, М.Л. пријавила дека 40 минути по полноќ на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзините другари Н.А.(18), Н.С.(18) и М.Д.(18), сите од Скопје, со тврд предмет биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СО ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРИХОДИ СТРУЖАНКА ЗАРАБОТИЛА НАД 800.000 ДЕНАРИ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(72) од Струга и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавената, за периодот од јули до септември минатата година, доставувала лажни податоци за своите приходи и приходите на правното лице на име на ДДВ и ПДВ, со што за себе и за правното лице се здобила со противправна имотна корист од 828.020 денари.

НАПАДНАТ ПАР НА ИГРАЛИШТЕ – На 13.09.2020 во 21 часот во СВР Скопје, Ц.Н.(35) и Н.М.(35), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 20 часот и околу 20.30 часот на игралиште во населба „Гоце Делчев“ во Скопје, малолетниот син на Ц.Н. и малолетната ќерка на Н.М. биле физички нападнати од Р.Д.(46) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

НАПАДНАТ СКОПЈАНЕЦ ПРЕД КАЗИНО – На 14.09.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(36) од Скопје пријавил дека околу 02.20 часот пред казино на ул.„Нов живот“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МАСОВНА ТЕПАЧКА ПОРАДИ НЕДОРЗАБИРАЊА – На 13.09.2020 околу 10.30 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„365“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(46), А.И.(35), И.И.(71), Џ.И.(68) и Р.И.(64), од една страна и Ѓ.А.(56), И.Х.(67), С.Н.(32), К.Х.(32), Ј.Х.(32), Х.С.(59) и Х.Ј.(28), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ИЗНУДИЛЕ 175.000 ДЕНАРИ ОД КАЗИНО ВО СТРУГА – ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Л.(32) и К.В.(35), двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, на 03.08.2020 во казино на ул.„Нико Нестор“ во Струга со закани кон вработените во казиното изнудиле вклучување на кредити без да платат, а потоа и враќање на загубените пари. Со тоа, причиниле материјална штета од 175.000 денари.

ЗАЛУТАН КУРШУМ ЗАВРШПЛ ВО НОЗЕТЕ НА АРАЧИНОВЕЦ – На 13.09.2020 во 23.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Е.Ф.(25) од с.Арачиново со прострелна рана во долните екстремитети. Според пријавеното, тој додека се движел на ул.„11“ во с. Арачиново, почувствувал болка во долните екстремитети, најверојатно од заскитан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СКОПЈАНЕЦ ИЗБОДЕН ВО ОЛОЖУВАЛНИЦА – На 13.09.2020 околу 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„23 Октомври“ во Скопје, Ф.В.(37) од Скопје со остар предмет го нападнал И.Л.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОГРАБЕН ПРЕД КАФЕАНА ВО СОПИШТЕ – На 13.09.2020 во 18 часот во СВР Скопје, С.К.(42) од Скопје пријавил дека во 17.30 часот пред угостителски објект во Сопиште, Е.Р. и С.А., кои ги познавал од претходно, со употреба на сила му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОБИД ЗА ГРАБЕЖ И НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ – На 13.09.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, Б.М.(44) од с.Палиград, скопско, пријавил дека околу 14 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, О.С. се обидел да изврши рабојништво над него. На местото на настанот пристигнале полициски службеници, при што О.С. физички ги нападнал. Тој бил совладан и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДЕТЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ – На 13.09.2020 во 11 часот во Полициската станица Радовиш, В.Ј.(28) од Радовиш пријавил дека на ул.„Плачковица“ во Радовиш неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

Поврзани содржини