📽️ МАСОВНА ТЕПАЧКА КАЈ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО Приведен сопственикот кој се спротивставил на полицијата

Некои медиуми пренесуваат дека била нападната и телевизиска екипа, која прва пристигнала на местото. Според првични информации, еден од вработените физички ја нападнал екипата и им ја скршил камерата, но засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.

11,862

Сериозен инцидент се случи во Визбегово, на локацијата каде што цел ден беснее пожар на дивата депонија, кој предизвика вознемиреност низ целиот главен град. Полицијата го приведе А.Н., сопственикот на правното лице кое управува со отпадот за старо железо во скопската населба Визбегово.

Приведувањето следуваше откако на локацијата избувна голем пожар, при што сопственикот не ги почитуваше наредбите на надлежните, при што дошло и до масовна тепачка меѓу група граѓани и полицијата






Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во 09:16 часот на 09.07.2025 беше пријавен пожар на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје, каде што гореле хаварисани возила со плински уреди, при што се слушале и детонации. Според досегашните информации, нема зафатено приватен имот.

Некои медиуми пренесуваат дека била нападната и телевизиска екипа, која прва пристигнала на местото. Според првични информации, еден од вработените физички ја нападнал екипата и им ја скршил камерата, но засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот, кој избувна рано изутрина, и понатаму не е под контрола. Црниот густ чад од депонијата се шири над Скопје и е видлив од сите делови на градот. Ветерот дополнително ја влошува ситуацијата.

На терен се ангажирани повеќе екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, како и возила на ЈП „Комунална хигиена“, а во акцијата за гаснење е вклучен и авион Ер Трактор на ДЗС, како и хеликоптер АБ212 на МВР.

📽️ 📷 ЕР ТРАКТОР И ХЕЛИКОПТЕР ГО ГАСНАТ ОГНОТ Пожарот кај Визбегово не стивнува, се интервенира од земја и од воздух

📷 📽️ ГОРИ ДЕПОНИЈА ВО ВИЗБЕГОВО Црн чад го покри небото над Скопје, паника меѓу граѓаните

Поврзани содржини