МАСОВНА СПАСУВАЧКА ОПЕРАЦИЈА ОД НАДОЈДЕНИТЕ ВОДИ НА САВА Досега 30-тина извлечени, со часови виселе на дрвјата!
Како што се испоставило, станува збор за група мигранти, кои се обудувале да ја минат границата. Засега не се знае дали некои од нив се удавиле.
Голема спасувачка операција од синоќа е во тек на тешко пристапен терен покрај реката Сава помеѓу Штитар и Бабина Греда во Вуковарско-сремската жупанија во Хрватска, откако полицијата добила дојава дека неколку лица се заглавени во мочурливата област.
– Заедно со полициските службеници за итни случаи, првата група од Противпожарната служба Жупања стигна до луѓето кои буквално седеа на гранки од дрвја, бидејќи областа беше под вода. Досега се извлечени 30 лица. Во моментов немаме никакви информации за загинатите – изјави командантот на Противпожарната служба Жупања, Владимир Балентовиќ. Тој додаде дека пожарникарите сè уште го пребаруваат местото со помош на дронови.
Хрватскиот Црвен крст објави дека евакуирал десетина лица и оти им пружа прва помош. Како што се испоставило, станува збор за група мигранти, кои се обудувале да ја минат границата. Минатата година биле регистрирани 14 смртни случаи со давење во реката, а оваа година два. Засега не се знае дали и колку лица се удавиле во последниот случај.
Хрватскиот Црвен крст објави фотографии од спасувачката акција.
„Тимот е целосно опремен и подготвен за итна медицинска помош. Обезбедени се ќебиња, сува облека, храна, сендвичи и топли пијалаци за ублажување на последиците од изложеноста на студ и стрес за повредените. Посебно внимание се посветува на лицата со повреди и знаци на хипотермија. Во согласност со проценката на состојбата, повредените лица ќе бидат згрижени и транспортирани во болница, со континуирана поддршка од тимовите на Црвениот крст“, се вели во објавата.
Во операцијата за спасување се вклучени членови на Хрватската национална служба за спасување, полицијата, цивилната заштита, пожарникарите, службите за итна медицинска помош и Црвениот крст.