🎥 МАСОВНА ПРОСЛАВА ВО КИЧЕВО Се чека Мицкоски да дојде од Брвеница
Вечерва се веат македонски знамиња, се пее македонската химна, ечат зурли и тапани.
Кичево вечерва ја слави победата на новиот градоначалник на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.
Вечерва се веат македонски знамиња, се пее македонската химна, ечат зурли и тапани.
– Кичево ќе биде достоинствен град, град на сите граѓани и град кој ќе гради иднина на сите граѓани. Правдата ќе ја победи неправдата, работата ќе ја победи работата – изјави Ѓорѓија Сајкоски вечерва во Кичево.
За прв пат по територијаната поделба во 2004 година Македонец застанува на чело на Кичево.
Граѓаните го чекаат доаѓањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Кичево.