МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА Москва тврди дека спречила серија удари

Украина се повеќе користи беспилотни летала како дел од својата одбрана од Русија, чии војници извршија инвазија на украинска територија во февруари 2022 година. 

617

Руските системи за противвоздушна одбрана спречија серија напади со украински беспилотни летала, соопштија руските власти рано денеска.

„Во нападите беа уништени вкупно 56 беспилотни летала, од кои 28 беа соборени во Воронежската област, 11 во Белгородската област и 17 во Ростовската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.






Во Белгородската област двајца жители се повредени од шрапнели, соопштија локалните власти.

Украина се повеќе користи беспилотни летала како дел од својата одбрана од Русија, чии војници извршија инвазија на украинска територија во февруари 2022 година.

Поврзани содржини