Дваесет лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки во текот на изминатото деноноќие, соопшти МВР.
Мерката за носење лична заштита на лице не ја почитувале 284 граѓани.
За последните 24 часа на територијата на Македонија на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.