Маските на отворено ќе ги носиме барем уште некое време

Лично сметам дека е рано, сѐ уште, сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, но во исто време треба мерката да има логика поради топлото време - посочи Филипче.

269

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција, по новинарско прашање, истакна дека сѐ уште е рано да не се носат маски на отворено.

– Лично сметам дека е рано, сѐ уште, сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, но во исто време треба мерката да има логика поради топлото време – посочи Филипче.






Тој додаде дека уште најмалку една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.

Поврзани содржини