МАСКИРАНИ ВЛЕГЛЕ ВО КАФУЛЕТО Ги убиле, па го запалиле автомобилот во Шутка

6,502

Во локалот „Шиша бар“ вечерва влегле четири маскирани лица во црни униформи со автоматски пушки и се претставиле како полиција по што се упатиле кон една од канцелариите во локалот, а откако влегле во просторијата, отвориле оган.

Тоа се детали кои ги објави порталот Нетпрес за двојното убиство што се случи под скопското Кале.






Четворицата на местото на злосторството се довезле со возило „ауди А6′  влегле во локалот, се претставиле како полиција, се качиле на вториот кат и влегле во мониторинг салата каде стрелале кон неколку лица. По пукањето, со „аудито А6“ се упатиле кон скопската населба Шутка каде на улица Вашингтонска го запалиле автомобилот. Возилото имало фалсификувана регистарска табличка со број „SK8870BC“.

Дел од медиумите, повикувајќи се на очевидци, објавија дека еден од убиените е Јетон викан Жила, кој припаѓал на криминалното подземје.

 

 

фото: МИА

Поврзани содржини