ОБНОВЕНО Маскирано лице влегло во домот на докторот Вело Марковски

2,761

Маскирани лица вчера се обиделе да влезат во домот на докторот Вело Марковски, но таму била неговата сопруга заедно со нивното малолетно дете, па не била причинета штета, а случајот бил пријавен и во полиција.

Се очекува наскоро  МВР да излезе со детали за овој инцидент во домот на докторот Марковски кој од неодамна  е член на највисокото партиско тело, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.






ОБНОВЕНО

Полицијата предмалку информира дека вчера околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека на ул. „Мариовска“ додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани содржини