📽️ МАСКИРАНИ КРАДЦИ ОГРАБИЈА ЗЛАТАРА ВО ГОСТИВАР Разбојниците поставиле бодликави жици низ градот по грабежот

Повеќе вооружени лица вечерва ограбија златара во центарот на Гостивар и со бодликави жици ја блокираа полицијата која веднаш започна потера по сторителите.

2,072

Вечерва во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните неофицијални информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.

Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. На терен се присутни полициски тимови кои вршат увид, а истовремено е во тек интензивна акција за пронаоѓање на сторителите.






Жителите на Гостивар велат дека околината на златарата е целосно блокирана и дека полицијата детално го пребарува подрачјето.

Повеќе информации и детали за случајот се очекуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Поврзани содржини