Заштитни маски за повеќекратна употреба, заштнитни наочари, ракавици и средства за дезинфекција денеска и беа донирани на локалната самоуправа од компанијата „Санмарти“ ДОО, информира Општина Карпош.
– Оваа опрема ќе ја користат комуналните служби на Општина Карпош, кои секојдневно дезинфицираат згради, улици, јавни површини и урбана опрема. Општината тековно доделува опрема на сите вработени, но секоја поддршка е значајна и добредојдена. Локалната самоуправа ја истакнува својата благодарност до оваа општествено одговорна компанија која во ваков значаен период ја поддржа работата на Карпош за намалување на последиците од коронавирусот – велат од Општината и ги повикаа сите граѓани да носат заштитни маски и да се придржуваат до препораките од надлежните институции.