Маската на Меколи Калкин го урна интернет! ФОТО

1,773

Меколи Калкин, популарниот Кевин од култниот филм „Сам дома“ стана хит на интернет поради неговата оригинална маска за лице.

Откако го воодушеви светот од најавата за неговиот роденден и прикажувањето на тоа како би изгледало новото продолжение на филмот ,,Сам дома”, Калкин сега може да се пофали со маска која моментално е вирален хит.






„Само се штитам од ковид-19 носејќи ја одраната кожа на моето помладо јас. Не заборавајте да носите маска, деца“, напиша инвентивниот Калкин покрај фотографијата на која носи маска со мотив од филмот ,,Сам дома”, поточно од сцената во која Кевин вреска.

Фотографијата со маската доби повеќе од половина милион лајкови на Инстаграм за само неколку часа, а дури 75.000 пати беше споделена на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

Just staying Covid-safe by wearing the flayed skin of my younger self. Don’t forget to wear your masks, kids.

A post shared by Macaulay ‘Instagram’ Culkin (@culkamania) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини