Маск се обидел да ја продаде Тесла на „Епл“
Тесла ја започна програмата за производство на овој автомобил во 2017 година, но првите профити од него започнале да пристигаат кон крајот на следната година.
Основачот на Тесла, Илон Маск, на Твитер денеска соопшти дека во „најмрачните денови“ на проектот за развој на електро автомобилите Model 3, тој на првиот човек на „Епл“, Тим Кук, му понудил можност за продажба на својата компанија, но овој се откажал.
Тесла ја започна програмата за производство на овој автомобил во 2017 година, но првите профити од него започнале да пристигаат кон крајот на следната година.
„Во најмрачните денови на програмата Модел 3, се обратив до Тим Кук за да разгледаме можност „Епл“ да ја купи Тесла (за 1/10 од нашата сегашна вредност). Тој одби да се сретне“, напиша Маск.
Маск е сопственик на 21 отсто од акциите на Тесла. Капитализацијата на компанијата моментално е околу 600 милијарди долари (на почетокот на годината беше 100 милијадри). „Епл“ е најголемата компанија во САД според капитална вредност.На почетокот на оваа година вредноста на компанијата порасна за 70 отсто, и сега вреди 2 трилиони долари. Претходно се соопшти дека „Епл“ има намера да започне производство на автономни автомобили во 2024 година.