📷 MАСК ПРЕДЛАГА ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА ЛА МАНШ Теснецот меѓу Франција и Англија да биде со „американска“ нота
Милијардерот денеска предложи каналот да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“, во чест на првиот американски претседател.
Американскиот милијардер Илон Маск денеска предложи Ла Манш да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“, во чест на првиот американски претседател.
„Ново име за водите што ги делат Англија и Франција“, напиша Маск во објавата на мрежата X, приложувајќи географска карта на теснецот со предложеното име напишано преку него.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша извршна наредба со која се наредува отпочнување на процесот за преименување на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ и нареди во следните 30 дена да се преземат мерки за официјална промена на името.
New name for the water that separates England and France pic.twitter.com/R6Lipj1Dra
— Elon Musk (@elonmusk) January 26, 2025