МАСК ОТСЕГА Е „ХОТЛАЈН ЗА ПОПЛАКИ НА ТВИТЕР“ Милијардерот се пошегува, луѓето протестираат за осумте долари!

Хуморот на Маск не ги разубеди големиот број на корисници кои се бунат поради најавата дека ќе се плаќа 8 долари месечно за автентификација на секој профил. За да го покажат својот бунт луѓето покрај својата профилна сликичка стават слика од стаорец наместо син-белиот знак кој ја докажува автентичноста на корисникот.

327

Додека светот гледа како најбогатиот човек и нов газда на Твитер ги преполовува вработените во фирмата отпуштајќи стотици луѓе, Илон Маск на својот Твитер-профил направи мала шега. Тој под својата слика напиша дека е „жешка линија за поплаки на твитер“.

Хуморот на Маск не ги разубеди големиот број на корисници кои се бунат поради најавата дека ќе се плаќа 8 долари месечно за да се докаже веродостојноста на секој профил. Со оваа мерка Маск планира да се бори против многуте спам-профили.






За да го покажат својот бунт луѓето покрај својата профилна сликичка ставаат слика од стаорец наместо сино-белиот знак кој ја докажува автентичноста на корисникот.

Вчера, Илон Маск постираше стрип во кој објаснува дека и без претплата од 8 долари ќе може да се поседува профил, но „без привилегиите“. Останува да видиме која ќе биде разликата и што точно ќе предвидува оваа мерка.

 

Поврзани содржини