Маск нуди 100 милони долари награда, еве зошто

1,845

Шефот на Тесла моторс, Илон Маск вчера на Твитер ветил 100 милони долари награда за развој на најдобра технологија за фаќање на емисиите на јаглен диоксид.

Фаќањето на емисиите кои ја загреваат планетата станува критичен дел од многу планови во борбата против климатските промени, но до денеска постигнат е многу мал напредок во таа технологија, со напори насочени на намалување на емисиите, а не на отстранување на јаглен диоксидот, пренесува Ал Џазира.






Меѓународната агенција за енергија при крајот на минатата година порача дека е потребен поголем пораст во примена на технологијата за фаќање на јаглен диоксидот ако земјите сакаат да ја постигнат целта да нето емисиите на штетни гасови бидат сведени на нула.

– Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за фаќање на јаглен диоксидот – напиша Маск на Твитер, по што следуваше втор твит во кој ветува дека повеќе детали ќе открие следната недела.

Соосновачот на компанијата Пејпал, која ја продал, Маск денеска води некои од најфутуристичните компании на светот. Освен Тесла, тој е на чело на компанијата SpaceX  , како и Neuralinka , стартап кој се занимава со поврзувањето на мозокот со компјутер.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за фаќање на јаглен диоксидот како дел од својот обемен план за борба против климатските промени.

Поврзани содржини