МАСК ИМА УСЛОВ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД КУПУВАЊЕ НА „ОПЕН АИ“ Дали конкурентот е подготвен да биде добротворец?

Извршниот директор на компанијата Сем Алтман сака да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“.

147

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира Опен АИ (OpenAI) под услов извршниот директор на компанијата Сем Алтман да се откаже од својот план да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“.

-Доколку одборот на Опен АИ е подготвен да ја зачува мисијата на добротворната организација и одлучи да го отстрани знакот ‘за продажба’ од своите средства со запирање на конверзијата, Маск ќе ја повлече понудата – изјавија адвокатите на Маск во поднесок пред судот во Калифорнија.






Алтман ја одби понудата на Маск претходно оваа недела, нагласувајќи дека Опен АИ „не е на продажба“.

Поврзани содржини