📽 МАСК ГРАДИ НОВА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА ВО ТЕКСАС Има неколку причини за тоа

Меѓу причините за изборот на Тексас како локација за кампусот е тоа што земјиштето е релативно евтино, има доволно работници и дека законодавството го поттикнува развојот.

161

Илон Маск гради корпоративен кампус во руралните делови на Бастроп, Тексас за кој се надева дека ќе стане технолошки центар, исто како Силиконската долина која ја напушти.

Во кампусот ќе биде  сместена зградата која ќе биде седиште на неговата социјална мрежа „Х“ , а ќе има и  компании „Боринг“ и „Спејс Икс“.






Вработените во неговата вселенска компанија планираат да изградат свој мал град наречен Starbase.

Меѓу причините за изборот на Тексас како локација за кампусот е тоа што земјиштето е релативно евтино, има доволно работници и дека законодавството го поттикнува развојот. Дополнително Тексас е главното упориште на републиканците.

Населението на Бастроп од една страна е задоволно што многумина ќе се вработат, а од друга страна стравуваат од негативните последици од урбанизацијата. Меѓу овие негативни последици е и порастот на цените на недвижностите.

Градилиштето на Маск не е единственото во Бастроп, кој е блиску до границата со Мексико.

Најбогатиот човек на светот и соработник на Трамп минатата година изјави дека ќе ја напушти Силиконската долина во Калифорнија, откако државата усвои закон со кој им забранува на воспитувачите да ги известуваат семејствата кога ученикот го менува родовиот идентитет. Тој самиот има трансродова ќерка, која неколку пати јавно ја критикуваше.

Поврзани содржини