МАСК ГО ПОВЛЕКУВА „Х“ ИЛИ ТВИТЕР ОД ЕУ? Незадоволен од европскиот Закон за дигитални услуги
Законот за дигитални услуги (ДСА), што е спорен за Маск, ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза.
Илон Маск размислува да ја повлече својата платформа за социјални медиуми „Х“, порано позната како Твитер, од Европската унија. Технолошкиот милијардер е незадоволен од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), објави денеска веб-страницата „Бизнис Инсајдер“, повикувајќи се на извор од компанијата.
Законот за дигитални услуги (ДСА), меѓу другото, ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза.
„X“ неодамна доби список со прашања од Европската комисија, која сака да знае повеќе за тоа како платформата за социјални медиуми ги исполнува своите обврски според законските норми.