МАСК ЌЕ ОБЈАВИ КАКО СЕ ВРШЕЛА ЦЕНЗУРАТА ВО ТВИТЕР? „Луѓето имаат право да знаат што се случувало пред jас да дојдам“
Додека Маск најави дека ќе ги објави документите во врска со тоа како се скратувал слободниот говор во Твитер, тој ги праша луѓето дали Епл треба да го сторат истото. Неговата замерка дека Епл наплаќа 30 отсто такса за сите производи кои можат да се купат на нивниот АппСтор наиде на поддршка. Тој вели и дека сега Епл намерно не се рекламираат на Твитер, а дека ако го банираат Твитер од нивниот АппСтор, тогаш тој ќе си направи свој мобилен телефон со сопствен АппСтор сервис
Најбогатиот човек на светот вели дека ќе објави на кој начин Твитер вршел цензура на слободата на говорот пред неговото доаѓање во компанијата. Во свој пост на платформата тој напиша:
„Фајловите на Твитер во врска со сузбивањето на слободата на говорот наскоро ќе бидат објавени на самиот Твитер. Јавноста заслужува да знае што навистина се случило…“.
The Twitter Files on free speech suppression soon to be published on Twitter itself. The public deserves to know what really happened …
— Elon Musk (@elonmusk) November 28, 2022
Во неговата војна против спам-ботовите и дезинформациите, Илон Маск ги спомнува и Гугл и Епл кои, според него исто така вршат цензура. Тој го обвини Епл дека ја „мрази слободата на говорот во Америка“ и дека презема различни непријателски потези против Твитер, вклучително и тоа што престанале да се рекламираат на Твитер.
Според Маск, Епл наплаќаат такса од 30 отсто за сѐ што купувате преку нивниот АппСтор, продавницата за апликации. За таксата која ја спомна Маск, Епл претходно се судеше со Епик Гејмс и изгуби.
Најбогатиот човек на светот потоа реши да ги праша твитерџиите дали сметаат дека компанијата треба да ги објави сите активности за цензура што ги презема во врска со своите клиенти. Од милион луѓе кои гласале во првите два часа, дури 85 отсто гласале „за“.
Apple should publish all censorship actions it has taken that affect its customers
— Elon Musk (@elonmusk) November 28, 2022
Илон се надева дека Гугл и Епл нема да го забранат новиот Твитер да се симнува како апликација преку нивните сервиси, „а, ако немам друг избор ќе си направам свој телефон“. Се шпекулира дека телефонот што го најави Маск ќе почне да се продава во декември под името Пи – исто како онаа позната константа во математиката.
Додека видеа се појавија на Јутјуб за тоа како би изгледал овој црно-златен убавец, Маск продолжи со својата отворена војна со Епл.
Милијардерот направи тектонски промени откако неодамна дојде на чело на Твитер. Неговата политика за ставање сина, златна и сива штикла за верификација на профилите наиде на различни мислења меѓу твитерџиите.